Интерпелација: Косовските функционери со повисоки дневници за Албанија, одошто за Канада

139
ФОТО: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Многу пратеници во косовското Собрание, покрај прилично високите плати, доста добро заработуваат и од дневниците за службени патувања, и тоа повеќе кога одат во Албанија или Црна Гора одошто на далечните континенти, објави денеска косовската опозициска Социјалдемократска партија (ПСД), најавувајќи интерпелација за оваа појава.

Како што јавува дописникот на МИА од Приштина, пратеникот на ПСД Дардан Молиќај објави дека „дневниците на официјални претставници на државните институции за посети на Албанија, Црна Гора или Србија достигнуваат до 250 евра на ден, додека за подалечните места со висок животен стандард, како Австралија или Канада, изнесуваат 170 евра“.

Според Молиќај, тоа се прави со цел владејачките политичари да заработуваат од патувањата во блиските места, кои се многу почести од патувањата во далечните места.

Поради тоа, неговата партија денеска поднесе интерпелација за „реструктурирање на системот на дневници и трошоци за службени патувања“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...