Еве ги добитниците на Ем-ти-ви филмските и ТВ награди

77

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на доделувањето на Ем-ти-ви филмски и телевизиски награди. Филмот за афроамериканскиот суперхерој е прогласен за најдобар филм на годината, во конкуренција на уште четири филмови: „Вондервоман“, „Одмаздници: војна на бесконечноста“, „Женско патување“ и „Тоа“.

Филмот ги освои и годинешните награди за најдобра улога во филм и за херој на годината (Чедвик Боусмен), како и онаа за негативец на годината (Мајкл Б. Џордан). Наградата за „најдобра тепачка“ сепак, отиде за друг суперхеројски филм – „Вондервоман“.

Хорор-фантастичната серија „Stranger Things“ ја освои наградите за најдобро ТВ шоу и најдобра улога во шоу, за онаа на Мили Боби Браун.

Најдобра сценска екипа за изминатава година се седуммината млади актери од хоророт „Тоа“.

Најдобар музички документарец е „Gaga: Five Foot Two”, посветен на Лејди Гага. „Кардашијан“ е прогласено за најдобро реално шоу.

Специјалната „Награда на генерацијата“ ја доби глумецот Крис Прат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...