Една од најголемите музички ѕвезди на денешницата Ријана е позната по големите хитови, но и по бруталната смисла за хумор, а тоа го покажала и во текот на последното гостување во „Шоуто на Греам Нортон“, каде што се пошегувала на сметка на фустанот на својата колешка Хелен Бонам Картер.
Ријана, освен со Хелен Бонам Картер, во ова шоу гостувала со Сандра Булок, Кејт Бланшет и Сара Паулсон, по повод промовирањето на филмот „Осумтемина на Оушн“.
Во еден момент домаќинот на шоуто Нортон ги прашал гостинките дали ја посетиле овогодишната Метрополитен гала, а единствената што рекла дека не била е Хелен Бонам Картер, на што Ријана ѝ одговорила:
– Тоа е затоа што носиш вакви фустани – ѝ порачала Ријана и покажала на фустанот на Хелен.
Секако, сите се насмеале, а Хелен рекла дека знае за тоа и дека нема поради тоа да плаче. Секако, оваа шега стана хит на социјалните мрежи.