Вечерва почнува „Гола Месечина“

411

Петтиот Меѓународен фестивал „Гола Месечина“ почнува вечерва во 21 часот и ќе трае до недела, 24-ти јуни.

– Ќе имаме задоволство да гледаме 7 претстави, од кои 4 од Македонија и 3 од странство, односно од БиХ и Србија. Ова е уникатна можност за сите љубители на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Претставите ќе се играат во Спортскиот центар Ново Лисиче, но во случај на невреме алтернативна сцена ќе биде објектот на Театар Комедија. Влезот за сите претстави ќе биде бесплатен, а фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, со тричлена жири комисија.

Како што најави селекторот на Фестивалот, актерот и режисер Роберт Ристов, во рамките на фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка и за најдобра претстава во целост. Од оваа година фестивалот внесе уште една категорија на награда – награда за уметнички впечаток.

Фестивалот „Гола Месечина“ игра важна улога во развојот на културниот живот во Општина Аеродром. Токму затоа Општината и оваа година издвои еден милион денари од сопствениот Буџет, а овозможува и логистичка поддршка за успешна реализација на настанот. Организатор на настанот е повторно Театар Комедија.

Поради временските услови вечерашната претстава ќе се одигра во Театар Комедија, а граѓаните може да ги подигнат бесплатни билети од билетарницата на театарот, која ќе биде отворена од 12 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...