Расте бројот на повредени во земјотресот во Јапонија

293

Бројот на повредени во силниот земјотрес во Осака се зголеми на 300 луѓе, јавија локалните медиуми.

Во земјотерсот загинале три лица, од кои едно деветгодишно девојче и две лица на околу 80 годишна возраст.

Потресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 23 часот во Гринич, nа длабочина од 13 километри северно од префектурата Осака.

Не е издадено предупредување за цунами, а се известува за помали материјални штети и пожари во неколку згради.

Објектите за нуклеарна енергија не се оштетени, соопшти енергетската компанија „Кансаи електрик пауер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...