Потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција ќе има големо влијание на бизнисот. На граѓаните токму денеска нема да им биде јасно што значат настаните од минатиот викенд, но има време пред нас во кое ќе им овозможиме да разберат, дека има приказни кои треба да се раскажат, изјави денеска претседателот на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора,Штефан Петер.
Тој на прес-конфернеција на која информираше за Светскиот пикник што го организираат странските инвеститори реле дека Договорот претставува првата цигла од куќата наречена Европска унија.
– Јас сум европски бизнисмен и јасни ми се придобивките од тоа што Македонија ќе биде интегрирана во ЕУ. Минатиот викенд се покажа дека Македонија не е остров и дека е во интеракција со своите соседи. Истото важи и за странските инвеститори во Македонија, тие не се остров. Странските инвеститори се интегрираат себе си во македонското општество – рече Петер.