До 2030 година 32 отсто од енергијата што се користи во ЕУ ќе мора да биде произведена од обновливи извори, што претставува поамбициозна цел од онаа предложена од Европската комисија, која начелно беше определена на 27 отсто.
Ова е резултатот на преговорите кои се водеа помеѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ, а директивата ќе треба да биде ревидирана во 2023 година.
Постинат е договор и за минимална стапка од 14 отсто обновлива енергија во горивата за транспорт, со тоа што биогоривата од прва генерација не смеат да претставуваат повеќе од седум отсто од финалната потрошувачка на гориво во транспортот.