Страшен земјотрес во Јапонија

281

Најмалку три лица загинаа, од кои едно деветгодишно девојче, и повеќе од 200 луѓе се повредени во силен земјотрес што го потресе јапонскиот град Осака, јавија локалните медиуми.

Потресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 23 часот во Гринич.

Не е издадено предупредување за цунами, а се известува за помали материјални штети и пожари во неколку згради.

Објектите за нуклеарна енергија не се оштетени, соопшти енергетската компанија „Кансаи електрик пауер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...