„Исламска држава“ презеде одговорност за нападот во Авганистан

Бомбата експлодира за време на заедничка прослава на Рамазан Бајрам на талибанци, авганистански владини војници и цивили. Слични прослави имало и во Кабул и во уште неколку провинции и градови во земјата.

138

Исламската екстремистичка група „Исламска држава“ презеде одговорност за денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба во провинцијата Нангархар во Авганистан, во кој загинаа најмалку 26 лица, објави информативниот портал „Амак“ кој се смета за близот на групата.

Според соопштението објавено на сајтот, нападот бил насочен против „собири на авганистански сили“ и не се откриваат дополнителни детали.

Бомбата експлодира за време на заедничка прослава на Рамазан Бајрам на талибанци, авганистански владини војници и цивили. Слични прослави имало и во Кабул и во уште неколку провинции и градови во земјата.

Веднаш по нападот во Нангархар талибанците соопштија дека немаат ништо со него.

Според последните информации, во нападот се повредени 50 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...