Индија возврати, ги поскапе царините за 30 американски стоки

Според медиумите, увозните давачки за 50 проценти ќе се зголемат за мотоцикли со мотор со капацитет од над 800 кубни сантиметри, за борна киселина, некои метални производи, леќи и други стоки.

518

Индија ги укина преференцијалните царински тарифи за увоз на 30 американски стоки како одговор на одлуката на Вашингтон да ги зголеми увозните давачки за индискиот челик и алуминиум.

Њу Делхи за ова ја известил Светската трговска организација (СТО), објави индискиот весник „Индиан Експерс“.

Индија би сакала да истакне дека износот, добиен од укинувањето на царинските олеснувања (за американските стоки), ќе соодветствува со вредноста на мерките што ги воведоа САД, се вели во документот до СЗО.

Според медиумите, увозните давачки за 50 проценти ќе се зголемат за мотоцикли со мотор со капацитет од над 800 кубни сантиметри, за борна киселина, некои метални производи, леќи и други стоки.

Индија се надева дека со овие мерки ќе собере околу 239 милиони американски долари, со оглед на очекувањата дека зголемувањето на американските царини ќе го чини Делхи околу 241 милион американски долари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...