Не важат старите правила за односите меѓу западните сојузници

Мас го даде интервјуто пред средбата меѓу канцеларката Ангела Меркел и новиот итлијански премие Џузепе Конти закажана за понеделник во Берлин.

154

Нема смисла западните сојузници на САД да се обидуваат да го сфатат претседателот Доналд Трамп, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервјуто објавено денеска во италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Тоа е одговор на Мас на одлуката на Трамп да не се потпише на заедничкото соопштение по средбата на лидерите на Г-7 во Канада.

– Искрено кажано, не сум сигурен дали воопшто треба да се трудиме да сфатиме што прави Трамп или некој друг. Важно е да направиме вистински заклучоци.Тоа не се однесува само на Европа, туку и на целиот Запад, вклучувајќи го и НАТО. Не би рекол дека Западот повеќе не постои, туку дека ќе следи различни правила. Некои нешта што не ги доведувавме во прашање – особено дека САД ќе ја гарантираат севкупната безбедност во Европа, повеќе не важат- истакна шефот на германската дипломатија.

Мас го даде интервјуто пред средбата меѓу канцеларката Ангела Меркел и новиот итлијански премие Џузепе Конти закажана за понеделник во Берлин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...