Три години по почетокот на бегалската криза во Европа повторно се зголемуваат тензиите меѓу членките на Европската унија за тоа како да се реагира на илегалната имиграција, воглавно од Блискиот исток и од Африка, објави „Гардијан“.
Бројот на мигранти кои доаѓаат во ЕУ е намален од 2015-2016 поради договорот на ЕУ со Турција, новите огради на границте на Балканот и билатералниот договор меѓу Италија и Либија.
Според УНХЦР во Шпанија оваа година пристигнале 9.500 илегални мигранти, во Грција 12.000, а во Италија 15.300.
Но, факторите кои предизвикаа повеќе од 1,8 милиони илегални мигранти во Европа од 2014 година се уште не се исчезнати, а мнозинство анализитичари сметаат дека е само прашање на време кога бројот на нови мигранти повторно ќе се зголеми. Моментно најголем товар поднесуваат Италија и Грција поради георгафскиот фактор и фактот дека според законите на ЕУ азилантите мора да ги поднесат своите барања за азил во првата држава во која ќе влезат.
Сепак, нема договор како да се направи тоа.
Некои држави се залагаат за поостри контроли на надворешните граници, други за праведна распределба на новите мигранти.
Секое решение мора да има рамнотежа меѓу јужните држави и оние богатите северни држави кои се дестинации за мигрантите, но и источните и централните држави од ЕУ кои одбиваат да прифатат мигранти.
На претстојниот самит во Брисел на 28 и 29 јуни би требало да се разговара за новите правила за да се изнајде начин товарот на најзагрозените држави праведно да се расподели, но далеку од тоа е дека одговорот е сигурен, наведува британскиот весник.