Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

97

Американскиот специјален пратеник за Северна Кореја планира в петок да се повлече од функцијата, соопшти Стејт департментот само неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп повторно отфрли преговори за решавање на севернокорејската нуклеарна криза доколку не бидат исполнети одредени услови.

Пратеникот Џозеф Јун, роден во Јужна Кореја, е силен заговорник за соработка со Пјонгјанг. Предводеше обиди на САД да допрат до Северна Кореја тивко спроведувајќи дипломатија откако дојде на таа функција под мандат на поранешниот претседател на САД, Барак Обама во 2016 година.

Со неговото заминување, Стејт департментот останува без соодветна личност за политиката спрема Северна Кореја во момент кога Пјонгјанг навести подготвеност за преговори со САД по периодот дипломатски контакти со Јужна Кореја за време на ЗОИ.

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

– Тоа е навистина моја одлука. Мислам дека е вистинско време за тоа. Има мало затишје во активностите и мислам дека би било добро да ја напуштам функцијата – изјави тој за Си-Би-Ес њуз.

Западни медиуми повикувајќи се на изјави од администрацијата на Трамп тврдат дека Јун бил се повеќе фрустиран поради конфликтните ставови во американската администрација за прашањето како треба да се реши севернокорејската криза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...