Двете Кореи се согласија за целосна обнова на воените комуникациски линии

106

Северна и Јужна Кореја денеска се согласија целосно да ги обноват воените комуникациски линии, после повеќе од 10 години, се наведува во заедничко соопштени на двете земји.

На денешните преговори меѓу воени делегации на високо ниво, двете држави разменија и мислења за „пробно” демилитаризирање на пограничното село Панмунџон и се договорија за целосна имплементација на билатералниот договор од 2004 година за спречување на судири во Западно Море, како што во Кореја се нарекува Жолтото Море.

Преговорите се одржаа во Тонгилгак, севернокорејска зграда во Панмунџон, имплементирајќи делови од декларацијата од Самитот на 27 април, која повикува на заеднички напори за намалување на воените тензии и „во пракса елиминирање на опасноста од војна”.

Петчлената јужнокорејска делегација беше предводена од генерал. Ким До-гюн, а северната од генерал полковник Ан Ик-сан. Двете страни разговараа и за запирање на сите непријателски акции една против друга, трансформирање на Северната рестриктивни линија (Northern Limit Line), фактичка морска граница, во море на мирот и слично.

Обновата на комуникациските линии се смета за клучна мерка за зајакнување на довербата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...