Пуштен во сообраќај третиот дел од автопатот Приштина-Скопје

Изградбата на последната траса од автопатот се планира да биде завршена до крајот на ноември годинава, а како датум кој се споменува за свеченоста по повод целосното завршување на работите, се споменува 28 ноември, Денот на албанското знаме.

657

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска ја пушти во употреба третата делница од автопатот Приштина-Скопје, во должина од 11 километри, до селото Доганај во близина на Качаник, јави дописникот на МИА од Приштина.

На свеченоста, меѓу останатите, присуствуаа повеќемина амбасадори акредитирани во Косово, министри во Владата, претседателот на косовското Собрание, Кадри весели, раководители на институции и претставници на компанијата изведувач „Бехтел Енка“.

Харадинај на свеченоста изјави дека неговата радост е „половична“, а ќе биде целосна кога наскоро во целост ќе заврши изградбата на автопатот „Арбен Џафери“, кој ја поврзува Приштина со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ.

– Инвестициите во инфраструктурата се скапи и за буџетот на Косово се голема обврска, но и нивниот ефект врз економијата на земјата е голем- рече Харадинај.

Според косовскиот премиер, оваа инфраструктура „ја менува позицијата на косовското стопанство во однос на соседните и подалечните економии, како и кон инвеститорите кои ќе можат да инвестираат во Косово“.

– Оваа инфраструктура, која ќе ја затвориме и со други автопатишта во земјата, нас не позиционира подобро од многу регионални економии – рече Харадинај.

Изградбата на последната траса од автопатот се планира да биде завршена до крајот на ноември годинава, а како датум кој се споменува за свеченоста по повод целосното завршување на работите, се споменува 28 ноември, Денот на албанското знаме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...