Владин економски тим на средба со германски инвеститори во Франкфурт (ВИДЕО)

Посетата на владиниот економски тим на Франкфурт, како што соопштија од владината прес служба, е предизвикана од големиот интерес на германските компании да инверстираат во земјава.

97

Делегација на Владата предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска на работен ручек во Франкфурт (Германија) ги презентира економските можности на земјава пред германски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во земјава.

Во делегацијата се министрите за финансии, за економија и за здравство, Драган Тевдовски, Крешник Бектеши и Венко Филипче, како и Александар Младеновски, директор на ДТИРЗ.

-Инвеститорите покажаа интерес за три сегменти: државната помош, којашто оваа Влада ја направи транспарентна и за која Собранието го донесе Закон за финансиска поддршка на инвестициите . Во исто време ги интересираше и стабилноста на државата и владеењето на правото и како ќе најдат млади, паметни и интелегентни луѓе коишто ќе работат во нивните компании – изјави вицепремиерот, Кочо Анѓушев.

Посетата на владиниот економски тим на Франкфурт, како што соопштија од владината прес служба, е предизвикана од големиот интерес на германските компании да инверстираат во земјава.

– Инвеститорите особено се интересираа за понудата на работна сила којашто ја има во Македонија. Истакнавме дека има можност компаниите да влезат во нашата земја што ќе придонесе од една страна, за развој на економијата и ќе се обезбедат пристојни плати – рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Во текот на денешниот ден, министрите остварија и кратка средба со претставници на Дојче Банк.

Околу 200 компании со германски капитал работат во Македонија, кои вработуваат 20 илјади лица.

Во периодот од јануари до март оваа година, извозот од Македонија во Германија изнесува 643 милиони евра и претставува зголемување за 16 отсто во споредба со истиот период лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...