Дејвид и Викторија Бекам со семејна Инстаграм фотографија ги негираа гласините дека се разведуваат. На сликата се и нивните три синови – Бруклин (19), Ромео (15) и Круз (13), и неколкумина нивни пријатели.
Гласините се раширија на социјалните мрежи минатата седмица, па гласноговорниците на поранешниот фудбалер и на поранешната „Спајс“ девојка, мораа да ги негираат овие тврдења, велејќи дека наводите се „срамни и смешни“.
Дејвид и Викторија се венчаа 1999 година, а освен трите сина, имаат и ќерка – Харпер (6).