Знаете ли која од овие банани е најздрава?

Луѓето кои јадат банани ги сакаат на различен начин, па додека едни сакаат да ги јадат оние презреаните, има и такви кои ги сакаат токму оние кои се помалку зрели и потврди. Кој од нив е во право кога станува збор за тоа кои од нив се покорисни за здравјето?

1814

Ако сте љубители на банани, треба да знаете и кои банани, односно, во која состојба е најдобро да ги јадете, дали кога се позрели или пак кога се позелени. Затоа, добро е да знаете дека колку што стојат подолго бананите, ензимите почнуваат да го претвораат скробот во шеќер. Иако скробот сам по себе не е благ, со стоење на воздух станува па затоа и бананата која е позрела е воедно и полесно сварлива, но и поблага.

Но, неодамна, една јапонска студија открила нешто фасцинантно – имено, со стареењето и со созревањето, бананите произведуваат повеќе антиоксиданси од бананите кои се свежи.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...