Командант на КФОР: Засега нема ништо од војска, потребни се најмалку 10 години за формирање армија на Косово

Според него, каков и да биде тој долготраен процес, мора да биде прифатлив за сите страни вклучително и за малцинствата.

378

Потребно е многу повеќе да се направи за да може косовските безбедносни сили да се трансформираат во армија, изјави командантот на КФОР, италијанскиот генерал Салваторе Куочи.

Според него, каков и да биде тој долготраен процес, мора да биде прифатлив за сите страни вклучително и за малцинствата.

Тој вели дека формирањето армија е „долга приказна“ нешто што не може да се оствари за еден ден или само со усвојување закони.

– Во секој случај, кога ќе биде донесена одлука за тоа, ќе бидат потребни најмалку 10 години за да се формира војска. Прашањето за војската не е само транзиција или трансформација. Тоа е прашање на опрема, обука, способност и капацитети, изјави Куочи за приштински медиуми.

Тој додаде дека за формирање армија потребна е поинаква обука, повеќе пари, оружје, што значи дека „буџетот треба да биде целосно поинаков“.

– Се работи за долгорочен процес. Дури и да се усвои нацрт законот, процесот ќе трае 10 години, нагласи Куочи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...