Воени претставници на Северна и на Јужна Кореја почнаа преговори за намалување на тензиите по силно обезбедуваната граница.
Можно е севернокорејските претставници на преговорите во граничното место Панминџон да побараат од Југот цврсти гаранции за прекин на заедничките воени вежби со САД, наведуваат американски медиуми.
Министерството за одбрана во Сеул соопшти дека на денешните преговори ќе се разгледува намалување на воените тензии и прекин на опасност од војна, постигнати на средбата на врвот меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.