Нов шок во Германија – Убиено е девојче ВИДЕО

807

Убиено е 15-годишно девојче Јулијана Елена Р. од Вирсен, Германија додека возела велосипед. Девојчето во понеделникот е избодена со нож, повеќе пати. Германските медиуми пишуваат дека е Романка, но засега не е познато дали имала и германско државјанство.

Локалните медиуми пишуваат и дека девојчето околу пладне во понеделникот било во парк во гратчето Вирсен. Таа е нападната со нож, а нејзините повици ги слушнал бездомник кој веднаш притрчал да ѝ помогне. Набрзо починала во локална болница.

Осомничениот, како што неофицијално се дознава, е 25-годишно момче од Турција, кој истиот ден вечерта се пријавил во полиција. Тој од претходно им е познат на властите, но засега се истражува неговата поврзаност со убиеното девојче.

Пред само неколку дена е убиено девојче во Визбаден.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...