Џејда Пинкет Смит откри пред ќерка си: Како мала имав по пет оргазми дневно!

Четириест и шест годишната Џејда експлицитно рекла дека почнала да го запознава своето тело кога имала само девет години.

966

Актерката Џејда Пинкет Смит вели дека се задоволува уште од рани години. Во својата ТВ-програма „Разговори на црвената маса“, таа во последните неколку недели изнела мошне прогресивни ставови и детали од својот живот, а последната „откриена вистина“ во низата открива дека Џејда знаела да доживее оргазам и до пет пати на ден.

Актерката во новата епизода разговарала за сексот со мајка си Адријен и 18-годишната ќерка Вилоу Смит.

Четириест и шест годишната Џејда експлицитно рекла дека почнала да го запознава своето тело кога имала само девет години.

Ја интересирале ерогените зони и уште тогаш била свесна за својата сексуалност. Таа рекла и дека сигурно имала подобро и попозитивно искуство со запознавањето со сексот од нејзината мајка.

– Мојата баба ме учеше како да се самозадоволувам, таа сакаше навреме да сфатам што е тоа физичко задоволство. Не сакаше да паднам во рацете на некој маж кој поради својата мрзеливост ќе ме запостави и ќе ме убеди дека женскиот оргазам не е важен. Многу сум ѝ благодарна – изјавила сопругата на актерот Вил Смит.

Џејда вели дека како млада доживувала и повеќекратни оргазми, но во почетокот ги доживувала само кога мастурбирала.

– Бев во фаза на експериментирање. Од оваа гледна точка мислам дека во тој момент имав и некој вид на зависност. И тогаш само пресеков еден ден. Си реков себеси – доста е, имаш по пет оргазми дневно – искрено раскажала за својата најрана сексуалност холивудската актерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...