Издадена обврзница од 5 милиони евра за денационализација

156

Државата денеска ја емитуваше седумнаесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 5 милиони евра, соопшти Министерството за финансии.

Со 17-та емисија на обврзниците за денационализација опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 1.2.2017 година до 31.1.2018 година со кои како надомест се даваат обврзници.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост, соопштуваат од МФ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...