Кремљ: Путин беше во право во врска со Северна Кореја

Владимир Путин беше во право кога тврдеше дека директникот дијалог е единствен начин да се намалат тензиите со Северна Кореја, изјави денеска портпролот на Кремљ Дмитриј Песков.

459

Состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун покажа дека рускиот претседател Владимир Путин беше во право кога тврдеше дека директникот дијалог е единствен начин да се намалат тензиите со Северна Кореја, изјави денеска портпролот на Кремљ Дмитриј Песков.

На прес-конференција рече дека Самитот помогнал да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров, но и дека е погрешно да се очекува сите проблеми со северноркоејската ракетна и нуклеана програма да се решат за еден час.

Трамп и Ким разговатаа вчера во Сингапур, по што потпишаа заеднички договор за денуклеаризација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...