Бизнисменот Ју Мартин Ксу во јавноста изнесе шокирачки тврдења откако против една агенција поднесе тужба бидејќи, како што вели, премногу платил за „сексуалните услуги“ за жена „од врвот“ или од „А листата“!
Како што рекол, ѝ платил 3,7 милиони долари на агенцијата „Ројал корт ескортс“ во Сиднеј, а сè со намера да ги запознае Меган Фокс, Кендис Свонпул и Анџела Јонг Винг, позната под името Анџелабејби.
Ксу изјавил дека агенцијата го измамила, и дека никогаш не ги запознал споменатите жени, поради што одлучил и правно да се пресмета со агенцијата. Ксу рекол дека агентот тврдел дека ќе му обезбедат интернационална придружба што ќе му пружи сексуални услуги, како и дека компанијата се согласила состанокот да се организира каде било во светот, доколку плати 3,7 милиони долари, како и патни трошоци и сместување.
Сето ова е наведено во документацијата што е доставена до Врховниот суд во Нов Јужен Велс во Австралија.