Ким во Сингапур си донел свој тоалет

Кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун патува некаде, тој со себе носи пренослив тоалет.

187

Кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун патува некаде, тој со себе носи пренослив тоалет, а ни вчерашниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур не бил исклучок.

Ли Јун-кеол кој е дел од Севернокорејската гарда изјави дека Ким преносливиот тоалет го носи секаде со себе, каде и да патува по светот. Тоа е поради тоа што Ким „не сака да остава никакви траги од информации за неговото лично здравје”, јавува Си-Би-Ес Њуз.

Лидерот на Северна Кореја строго внимава на својата лична безбедност поради опасноста од атентати и ретко патува надвор од земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...