Анџелина Џоли доби судска наредба да дозволи децата почесто да се гледаат со Бред Пит

- Доколку децата немаат изграден однос со нивниот татко, тоа може да биде штетно за нивните животи.- стои во судската одлука со која се предупредува познатата актерка.

282

Судот во Лос Анџелес и наложи на Анџелина Џоли да дозволи нејзин поранешен сопруг Бред Пит почесто да се гледа со нивните шест деца Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шилох (12) и близнаците Вивиен и Нокс (9).

– Доколку децата немаат изграден однос со нивниот татко, тоа може да биде штетно за нивните животи. Доколку децата што се малолетни, останат изолирани од нивниот татко, тоа може да резултира со преиспитување на старателството, односно мајката да добие помалку време на сметка на таткото кој би добил поголемо старателство, стои во судската одлука со која се предупредува познатата актерка.

Освен тоа, судијата наложи и Џоли да овозможи, без нејзино задолжителен „надзор“, Пит слободно да може да им телефонира и да се допишува со децата, пишува Дејли Меил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...