Париз пред Лондон како најатрактивна дестинација за странски инвестици

186

Париз го надмина Лондон како најатрактивна дестинација за странски инвестиции, покажува истражувањето на консултантско-ревизорската куќа Ernst & Young. Тоа се случува првпат во 15 години, односно откако се спроведува тоа истражување.

Промената, од една страна, е знак на влијанието на референдумската одлука на Велика Британија за напуштање на Европската унија – Брекзит, а од друга таканаречениот Макрон ефект, односно реформите на францускиот претседател Емануел Макрон во корист на бизнис-секторот.

Во истражувањето учествувале 502 компании, а француската престолнина како најпосакувана дестинација ја избрале 37 отсто од испитаниците, додека за Лондон се одлучиле 34 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...