Владата денеска го утврди новиот текст на Предлог – законот за изменување на Законот за трговскитe друштва, во кој се предвидува да се изврши бришење на одредбите за тајни друштва од Законот за трговските друштва за да се зголеми транспарентноста во правниот промет и да се намалат можностите за даночно затајување.
На овој начин и со отстранување на оваа форма од правниот промет, Република Македонија ќе ја задржи оцената за размена на информации по барање на даночни цели и истата ќе има позитивно влијание и во однос на скрининг мисијата на работната група при Советот на ЕУ, која ја креира листата на некооперативни јурисдикции за даночни цели.