Сузана Манчиќ се мажи за грчкиот банкар

2173

Познатата српска ТВ-водителка Сузана Манчиќ (61) ќе вплови во брачните води со долгогодишниот свршеник, грчкиот банкар Симеон Оцомокос, на 1 јули во црквата на островот Пилион, каде што Симеон има куќа, пишува „Курир.рс“.

– Ќе бидам невеста што сама ќе си ја навитка косата, ќе стави витлери и ќе се исфенира. Единствено сум во дилема дали да ставам вел или не. На првата венчавка го немав и се каам поради тоа. Можеби сега е можност да ја исправам таа грешка, да не кажам историска – раскажала Сузана, па истакнала дека поминале речиси 30 години откако во 1989 година, првпат се омажила.

Двојката, како што вели, нема да се држи до обичаите.

– Секако дека Симеон ќе каже „не“, додека јас ќе кажам „да“, бидејќи на грчки „не“ значи „да“. Нема да се придржуваме до некои традиционални обичаи, но секако ќе се потрудам да го згазнам – открила со насмевка.

Првиот танц со сопругот ќе го одигра на звуците од евергрин песната „Само еднаш се љуби“. Фустанот го подготвила уште пред две години, но тогаш морале да ја одложат венчавката во Венеција.

Сузана и Симеон се во врска 18 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...