Притворен татко зашто му удрил заушка на синот

Маж од општина Звездара во Белград завршил зад решетки откако му удрил „воспитна“ на 11-годишниот син кој го затекнал како ја гаѓа мајка си со книги. Детето го пријавило случајот во полиција која дошла и го привела таткото на 48 часа.

513

Според српски Информер, татко од општина Звездара во Белград завршил зад решетки откако му удрил „воспитна“ на 11-годишниот син. Човекот пред 4 дена се вратил од работа и го затекнал синот како ја гаѓа мајка си со книги и за да го смири, му удрил заушка. Детето повикало полиција и го пријавил таткото за семејно насилство, па тој истиот ден бил уапсен и му бил одреден 48-часовен притвор, а го чека и кривична пријава.

Според Информер, ова никогаш немало да се случи ако детето не го пријавело родениот татко во полиција.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...