Лубутен доби ексклузивно право на црвените ѓонови

150

Познатиот моден дизајнер на чевли Кристијан Лубутен, чии високи потпетици со црвен ѓон се светски познати, го доби спорот пред Европскиот суд на правдата.

Францускиот дизајнер сакаше да спречи холандска модна фирма „Ван Харен“ да комерцијализира свој бренд чевли со црвен ѓон.

Според европското законодавство, фирмите не смеат да ја заштитат „формата“ на производите како сопственост, што беше главниот аргумент на одбраната на „Ван Харен“, која смета дека бојата на ѓонот на чевлите на Лубутен се дел од „формата“ на производот и дека според таа логика тој нема ексклузивно право врз таквиот вид на подлоги.

Европскиот суд на правдата сепак ја отфрли аргументацијата на холандската компанија и ја потврди ексклузивноста на црвените ѓонови, типични за чевлите на Лубутен.

Лубутен, како што рече, „топло“ ја поздрави одлуката на Судот.

Холандскиот суд пред кој прво беше отворен случајот сега ќе треба да ја спроведе одлуката, а „Ван Харен“ нема да смее да комерцијализира ист вид на чевли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...