ЕЛЕМ: Отстранет е дефектот во ТЕ „Осломеј“

Станува збор за механички дефект, заглавен резервоар за хидросмеса, кој е веќе отстранет.

121

Oтстранет e дефектот во системот за водено отпепелување кој настана синоќа во термоелектраната Осломеј, поради што дојде до исфрлање одредена количина пепел во атмосферата, информира ЕЛЕМ.

Станува збор за механички дефект, заглавен резервоар за хидросмеса, кој е веќе отстранет.

„Стручните екипи на електраната работат на повторно вклучување на електростатскиот филтер на оџакот на ТЕ „Осломеј“ и во секој момент се очекува да продолжи воденото отпепелување, согласно еколошките стандарди“, соопштија од АД ЕЛЕМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...