Македонија ја посетиле 20 отсто повеќе туристи од лани

Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18,7 проценти, и тоа: кај домашните туристи за 10,8, а кај странските за 23 отсто.

119

Во Македонија во април годинава се евидентирани 82.635 туристи, кои оствариле 164.183 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во април 2018 во однос на април лани, е зголемен за 21,4 отсто, а на ноќевањата за 17,2 проценти.

Бројот на домашните туристи е зголемен за 12,3, а на странските туристи за 25,5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 6,1, а на странските туристи за 24,5 проценти.

Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18,7 проценти, и тоа: кај домашните туристи за 10,8, а кај странските за 23 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 17,5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 10,3, а кај странските за 22,5 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...