Неколку месеци претходно се појавија извештаи на новинарите кои броеле колку време поминало откако Сури и Том Круз (55) биле последен пат видени. За девојчето мајката Кејти Холмс е сè на светот, а таа се адаптирала на тоа да ги слави своите родендени без својот татко. За тоа како главна причина се наведува припадноста на Том Круз кон Скиентолошката црква која од омилената ѕвезда направи осаменик кој сè повеќе луѓе го сожалуваат.
Како што пишуваат странските медиуми, Том Круз ја нема видено својата ќерка четири години. Тој сосема исчезнал, а дури не се гледал и со посвоените деца Изабела и Конор.
Тој одбегнувал комуникација и со нив двајца, а нивните заеднички средби се забележани неколку пати, бидејќи тие деца припаѓаат на Скиентолошката вера.
Од друга страна, Круз ги посвоил додека беше во брак со Никол Кидман со која исто така не се во контакт.
Сури има 12 години и нема никаква комуникација со својот татко. По разводот со Кејти, која не го толерираше неговото безрезервно припаѓање на сектата, нарушен бил и неговиот однос со Сури.
Уште еден податок е интересен, а тоа е дека пријателката на Том Круз, Маријан Картер минатата година ги замолила фановите на Круз да не објавуваат фотографии од неговата ќерка на неговиот фан профил.
„Не објавувајте фотографии од ќерката Сури на тој профил. Тоа е негово барање. Таа повеќе не е дел од неговиот живот“, напишала Картер која исто така е дел од црквата и го поддржува актерот да не одржува блиски односи со луѓе кои не припаѓаат на црквата.
Бидејќи Кејти не дозволува нејзиното дете да расте онака како што проповеда црквата, Том одлучил да ја прекине комуникацијата со девојчето.
Притоа не е познато дали успешниот холивудски актер, кој уредно се наоѓа на листата на најплатените личности во филмската индустрија, учествува во трошоците на алиментацијата или пак, Кејти се покрива сама. Секогаш штедлив на зборовите кога станува збор за неговиот приватен живот, Круз само кратко го прокоментирал неодамнешното прашање дали смета дека и малата Сури ќе се одлучи за глума кога ќе порасне.
– Никогаш не се знае – промрморел актерот кој го сметаат за еден од најистакнатите членови на скиентолошката заедница.