Делови на Германија повторно се под вода. Големо невреме, обилни врнежи и град наврнаа во делови од Германија и зад себе оставија поплавени улици, трговски центри, куќи, урнати дрва, заробени автомобили и луѓе во нив.
На социјалните мрежи се споделуваат снимки и фотографии од Кајзерслаутерн, индустриски и универзитетски град на југот на германската сојузна покраина Порајња-Фалачке.
Нема официјални информации за евентуално повредени, пренесува хрватски Индекс