Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска замина во обиколка на туристичките атракции на Сингапур, градот-држава каде утре изутрина ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Медиумите од Сингапур известуваат дека Ким го напуштил хотелот во кој е сместен во 21 часот по локално време (15 по средоевропско време), во придружба на неколкумина високи севернокорејски официјални претставници, вклучиртелно и неговата сестра Ким Јо-џонг и еден од членовите на најтесното раководство на владејачата Работничка партија на Кореја, Ри Су-јонг.
Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, Ким и неговите придружници најевројатно ги посетиле луксузниот туристички центар Марина Беј Сендс, елитниот Скај Парк и комплексот Еспленејд.
Ким и членовите на неговата делегација се сместени во хотелот „Сент Реџис“.