Заев – Банов: Културата и младите се позитивен исчекор во градењето на пријателството меѓу Македонија и Бугарија

346

Со ставањето посебен акцент на културата, младите и соработката во областа на образованието и спортот, се прави голем позитивен исчекор во градењето на пријателството меѓу Македонија и Бугарија, рече премиерот Зоран Заев на денешната средба со делегацијата на бугарското Министерство за култура, предводена од министерот за култура Боил Банов.

Заев на средбата ја истакна добрата економска соработка меѓу двете земји и се заблагодари за големата поддршка од бугарска страна за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Соговорниците изразија уверување дека успешната соработка и планираните активности во областа на културата ќе продолжат со истиот интензитет и поддршка од двете страни.

На средбата присуствуваа министерот за култура Асаф Адеми и советничката на премиерот за култура Цветанка Ласкова, како и амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Великов Петков и директорка на Бугарскиот културно-информативан центар во СкопјеСветлана Славова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...