Во април годинава се издадени 249 одобренија за градење, што е за 3,9 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.214.781 илјада денари, што е за 73,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 се наменети за објекти од високоградба, 44 за објекти од нискоградба и 71 за објекти за реконструкција.
Од вкупно 249 објекти, на 161 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 88 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 965 станови, со вкупна корисна површина од 62.340 м2.