Од полноќ поевтини гoрива за 1,5 денари по литар

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари за литар, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 74, а „еуродизел (Д-Е V)“ ќе се продава за 63,5 неари за литар.

172

Горивата од полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари за литар, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 74, а „еуродизел (Д-Е V)“ ќе се продава за 63,5 неари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе има цена од 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,749 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,785 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,75 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,899 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...