Завршија археолошките истражувања на комплексот градби околу храмот на Изида во Стоби, соопштуваат тие на Фејсбук.
-Истражувањата се одвиваа во периодот од 10 април до 10 јуни. Проектот е целосно финансиран од годишната програма на Министерството за Култура за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2018 год.
Проектот е реализиран од стручна екипа од НУ Стоби под раководство на м-р Јован Радњански. Во реализацијата активно учествуваа студенти од универзитетите Св. Кирил и Методиј, Скопје и Гоце Делчев од Штип, членови на студентското археолошко здружение „Аксиос“-пишува на нивната Фејсбук-страница.
Ископувањата беа фокусирани на доистражување на три простории од т.н. „ Комплекс градби околу храмот на Изида“ како и дел од просторот јужно од храмот.
ФОТО: Фејсбук