Економијата ќе се движи, а Владата ќе направи нејзиниот раст да се интензивира, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски по обраќањето на Конференцијата за Програмата за економски реформи 2019-2021.
– Ние направивме стабилизација на финансиската состојба, а потоа и да го оствариме она што посакуваме, раздвижување на економската состојба. Дури и индикторите покажуваат дека во индустријата, земјоделството има раздвижување, извозот е силен, и правиме вистински притисок во градежништвото, пред се, на нискоградбата каде е проблемот – рече Тевдовски.
Од претходната власт, како што рече, оваа Влада наследила сериозни проблеми како проектни документации и разни други проблеми.
– Сите институции се посветени на решавање на овие проблеми – рече министерот за финансии.
Тевдовски потенцира дека во изминатите години растот практично беше на база на оние инвестиции во споменици, врби, фасади и слично, нешто, како што рече, што не носи добро на еконоијата.
– Ние се решивме да не одиме по таков полесен пат, туку по потешкиот пат, да се зафатиме и да го работиме тоа што треба. Има резултати и се ќе направиме да се интензивира растот. Јас сум оптимист дека ќе го движиме растот и сега и во следниот период – рече Тевдовски.
Тој појасни дека веќе има почеток на сериозни градежни активности и оти главниот проблем е автопатот Кичево-Охрид, за што во брзо време треба да бидат и таму интензивирани работите.
За тоа до кога ќе расте цената на нафатата истакна дека тоа се пазарни движења што не зависат од нас, туку од движењата на светските берзи