Реформи за подобрување на деловното окружување и постепена фискална консолидација и ќе се донесе нов закон за буџети, кој предвидува среднорочно буџетирање и воведување фискален совет, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата по повод започнување на изработка на Програмата за економски реформи 2019-2021.
– Овој документ е дел од претпристапниот процес на земјата во ЕУ, и е во насока на подобрување на перформансите на македонската економија и нејзина подотовка за европскиот пазар. Содржи конкретни мерки, со буџет за нивно имплементирање и конкретни рокови за нивно спроведување. Овој сеопфатен документ се прави коодинирано со буџетот и фискалната стратегија и дава добра основа за подготовка за среднорочно буџетирање кое планираме наскоро да го воведеме -речеТевдовски.
Тевдовски се пофали дека Македонија има најдобро остварување во споведување на реформите предвидени со Програмата 2018-2020 година од сите земји кандидати за членство.
– Првпат имаме јасна и кредитибилна стратегија за реформи во јавните финансии, подготвена заедно со ЕУ, која содржи акциски план за реформи на сите поважни елементи на системот на јавни финансии во следните три години, рече министерот и додаде дека значително е подобрена транспарентноста, за разлика од порано не постои често и непредвидено менување на законите, а постигнат е и напредок во споведувањето на активни мрки за вработување и унапредување на стручното образование и обука – рече тој.
На конференцијата присуствуваше амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар и сите инситуции кои се вклучени во подготовката на реформскиот документ кој се доставува до ЕУ.
Жбогар потенцира дека пограмата е двигател што ќе овозможи побрзо изминување на патот кон ЕУ.
– Имаме програма за економски реформи чија цел е земјата економски да се развие и да има слобоен пазар преку транспаретен буџет, транспарентни политики што ќе им служат на граѓаните со јасни приоритети кои ќе овозможат развој. Ја гледам како поддршка за да можете да одите во правецот што вие го избравте и таа е еден двигател што ќе ви овозможи побрзо изминување на патот кон ЕУ. Целта е да се забрза тој процес. Се разбира тоа може да го правите и со сопствен чекор и брзина, но овие реформи сакаат тој процес да го забрзаат. Тоа е и крајната цел, да влезете во ЕУ – рече Жбогар.
Во обраќањето, Жбогар напомена дека покај политичките процеси од кои со нетрпение се очекува резултатот во овие денови, добро е што има можност да се зборува и за економските резултати.
Програмата за економски реформи е сеопфатен документ за економското управување, кој земјите аспиранти за членство се обврзани да го поднесуваат до Европската комисија секоја година. Програмата 2019-2021 треба да се достави до Европската комисија до 31 јануари 2019 година.