Александра Шекутковска Докоска е авторка на книгата „Концепт мама“, која е комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети.
Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа сѐ што би ѝ било неопходно на една современа мајка да знае: трите тромесечја на бременоста, поглавје за вежбање јога и за дизајнирање на домот, подготвување за породувањето и раѓањето, насоки за снаоѓање во првите месеци по раѓањето преку сопственото созревање, масажа на бебето, следење на неговиот развиток и откривање на нашите идентитети како родители во градот.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.