Драма на роденденот на кралицата – Војник се сруполи од коњ сред поворка ВИДЕО

1897
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Британската кралица Елизабета Втора го слави 92. роденден, а поворката која ја сочинувале стотина војници го одбележа и еден инцидент.

Гардистот Маршал Чарлс Гутрие (79) паднал на главата додека јавал во текот на воената парада „Поздрав со боите“ во Лондон.

Полицијата веднаш му пришла да му помогне, му била укажана помош, а потоа итно бил префрлен во болница.

Се претпоставува дека Чарлс се онесвестил, пред да падне од коњот.

Да потсетиме, ова не е прв пат гардист да колабира на роденденот на кралицата Елизабета Втора.

Тоа исто така се случи и во 2016 година, кога еден гардист се сруши.

ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...