Папата Франциско денеска рече дека ќе се моли средбата на лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг Ун успешно да ги постави темелите за мир.
Тој изрази надеж дека разговорите на Трамп и Ким, предвидени за вторник во Сингапур, „ќе придонесат за развој на позитивниот пат кој ќе обезбеди мирна иднина на Корејскиот полуостров и целиот свет“.
Папата, исто така, ги повика илјадниците верници на плоштадот „Свети Петар“ да се молат заедно со него и упати „посебна порака на пријателство и молитва“ за корејскиот народ.
ГАЛЕРИЈА ОД ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ТРАМП И КИМ НА НИВНАТА ИСТОРИСКА СРЕДБА