Нечепнат, се продава култниот автомобил на Мистер Бин

366

Автомобилот „бритиш лејланд мини“ (British Leyland Mini) со боја на лимета, кој актерот Роуан Аткинсон го возел во познатата серија „Мистер Бин“ се продава на аукцијата „Икони и легенди на Холивуд“ за 60.000 долари.

Во првата епизода, автомобилот на Бин имал портокалова боја, но истиот бил уништен на крајот од епизодата. Оттогаш, Бин возел зелен автомобил со црна хауба.

На автомобилот од 1977 година ништо не е променето од снимањето, а во описот за автомобилот стои дека доаѓа со оригиналниот мотор.

Освен овој автомобил, на аукцијата ќе се најде и автобусот што Сандра Булок го возеше во филмот „Брзина“, а за него е потребно да се издвојат 20.000 долари.

Исто така, на аукцијата ќе биде понудена и моторната пила од хорор-филмот „Масакрот во Тексас со моторна пила“ за 1.700 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...