На автопатот Кичево-Охрид му фалат осум клучки и 40 км алтернативни патишта ВИДЕО

2089
Дополнителни осум клучки и 40 километри алтернативни патишта до населените места, ќе треба да се изградат како дел од автопатот Кичево – Охрид. Ќе треба да се ископаат и уште осум милиони метри кубни земја за да се стабилизираат свлечиштата и усеците кои во првичниот проект биле со големи наклони, оцени денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
По увидот во изградбата на автопатот Кичево – Охрид, Сугаревски најави интензивирање на активностите со напомена дека за отстранувањето на грешките ќе бидат потребни и време и пари. Клучно ќе биде, како што рече, работите да завршат до утврдениот во 2021 година.
– Проблеми создава и изградбата на тунелот зашто е утната категоријата на земјиштето, а тоа налага дополнителни материјали за заштита и потпора при ископ и забавено изведување на работите – истакна Сугарески.
Според него, градежништвото ќе се врати на посакуваниот правец, а тоа се двоцифрените стапки на раст.
– Имаше забавување на работите бидејќи наследивме огромни проблеми со проектите и слабата реализација во изградбата на „Синохидро“, „Трансмет“ и други компании. Сите тие проблеми што ги наследивме за автопатот Кичево – Охрид и за автотпатот Миладиновце – Штип како најголеми инфраструктурани проекти, беа реална причина да има забавување на работите на терен што силно влијаеше врз намалување на стапката на раст на градежништвото и генерално врз БДП-то, напомена министерот.
Градежните компании, дополни, ја активираа својата механизација не само на автопатиштата, туку и на останатите патни правци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...