Меган ја искулира кралицата, го прекрши протоколот на нејзиниот роденден ВИДЕО

Според протоколот, членовите на кралското семејство треба да имаат покриени рамена. Но, Меган Маркл облече фустан со откриени рамена, којшто го здогледала на социјалните мрежи и го купила.

5786

Британската кралица Елизабета Втора денеска го прослави својот 92. роденден, а на традиционалната поворка за првпат се придружи и сопругата на принцот Хари, Меган Марк.

Кралицата Елизабета Втора, Камила Паркер Боулс и Кејт Мидлтон облекоа фустани со плави тонови и долги ракави, како што налага протоколот.

Но, правилото дека членовите на кралското семејство треба да имаат покриени рамена го прекрши Меган Маркл која облече фустан со откриени рамена.

Војвотката облече фустан од Каролина Херер, којшто го здогледала на социјалните мрежи и го купила. Не е познато дали кралицата имала замерки за изгледот на Маркл.

Инаку, Елизабета Втора е родена на 21 април, кога се организираше концерт на кој пееја Том Џонс и Стинг. Меѓутоа, британската традиција долга 250 години наложува дека монарсите мора да слават два родендени од кои едниот во втората недела од јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...