Очигледно Мицковски се уште не собрал храброст да излезе пред граѓаните ниту да се соочи со новинарски прашања, што доволно говори дека нема аргументи и зборува нереално. Ова е потврда дека има бројни теми поради коишто Мицкоски се крие од јавноста, реагира СДСМ.
Фактите покажуваат, економијата се опоравува од 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и се поставува на здрави и реални основи.
Нема веќе „ало Миле ми текна“ провизии, проценти и криминални, нерелни проекти, измислени да се исмпумпуваат пари од граѓаните за да се богати фамилијата. Сега Владата работи одговорно, транспарентно, домаќински и само во интерес на граѓаните.
Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата. Причината за таквата состојба е запирањето на активностите на промашените, криминални проекти на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево-Охрид, но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти.
Владата интервенираше, се презедоа чекори и сега промашените проекти се доведени во реалност за правилно да бидат спроведени.
Тоа значи дека по моменталниот застој, изградбата на спорните автопати ќе продолжи на правилен начин и тоа ќе рефлектира со раст и во делот нискоградбата со што ќе се интензивира и растот на БДП. На крајот растот на БДП ќе биде во рамките на она што е претходно проектирано.
Граѓаните треба да бидат спокојни, економијата се движи во вистинска насока, ќе има пари и за поголеми плати и за поголеми пензии, за раст и развој.
Наместо да шири лажни вести, Мицкоски требаше да им се извини на граѓаните за пустошот што ВМРО-ДПМНЕ го остави, но, и за тоа што ги излажа за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски.
Вака, Мицкоски уште еднаш потврдува дека не ги почитува граѓаните.